Квасецот го размешуваме во млака вода и го истураме во брашното, додаваме малку сол, малку шеќер 2 лажици зејтин и замесуваме тесто. Оставаме да стаса.
Кога ќе стаса тестото го делиме на 3 дела.
Првото тесто го сукаме не танко да биде 1 см. го премачкуваме со слатко од вишни и виткаме во ролат.
Го ставаме на премачкан плех за печење. Исто така постапуваме со други теста.
Ги оставаме да стасат половина час.
Кога ќе стасаат ролатите ги мачкаме со зејтин и ставаме да се печат во загреана релна на 200 степени.
Испечените ролати ги наросуваме со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани