Посен колач со тиква
Еве и од мене еден колач со тиква, многу интересен и вкусен.
Посебно сакам да го предложам бидејќи подготовката не е комплицирана, тиквата ќе ја имаме подолго во периодот кој следи, а бидејќи е колачот е посен, еве уште еден прилог во досиејата на посни десерти.
1. Тиквата изрендајте ја, посипете ја со шеќерот, ванилиниот шеќер и содата бикарбона, измешајте убаво и оставете да стои 30 минути. Тиквата ќе пушти сок и ќе се добие кашеста смеса.
2. Потоа додадете го маслото, лешниците, оревите и сувото грозје, измешајте убаво со дрвена лажица или шпатула, истурете ја во намрсена и набрашнета тава бр. 26, и печете 30 мин. на 200 степени и уште 10 мин. на 150 степени.
3. Колачот се лади и се префрла во сад за да се прелие со преливот од пудинг.
4. Пудингот од ванила (јас овде употребив со вкус на бурбон ванила), измешајте го со шеќерот и со дел од газозата колку да се измеша убаво, истурете го во остатокот од газозата кој ќе го загреете и го варите до згуснување со постојано мешање. Додека е жежок пудингот истурете го внимателно во средината на колачот, смесата ќе се прелее по страните и по потреба површината малку измазнете ја.
5. Кога ќе излади колачот, изрендајте го посното темно чоколадо а дел исечкајте го и посипете го по краевите на колачот.
Забелешка
Доколку не сакате не мора да го правите горниот пудинг прелив, едноставно посипете го колачот со чоколадо или шеќер во прав.
Висината на колачот е соодветна на тавата бр. 26, а бидејќи јас ја немам Делимано Делициа округлата тава која не мора да се намрсува при печење, јас печев во обична која добро ја намрсив и ја набрашнив.
По желба може да се додаде и цимет, рум шеќер, брусница наместо суво грозје, јаткасти плодови по вкус. Колачот нас ни е доволно благ, а мене лично наредниот ден ми беше уште повкусен.
Лиценца: Сите права се задржани
2 casi (od 250 ml.) brasno, kako mozev da ja ispustam taa glavna sostojka ?!