Посен колач од бисквити и јагоди
Бисквитите искршете ги на помали парчина, оставете ги на страна и започнете со подготовка на кремот од јагоди.
Во сад ставете ги јагодите исечени на поситни парчина и изгмечете ги со алатка за правење пире. Додајте го брашното, густинот и шеќерот и убаво измешајте да нема грутчина.
Во касеролата ставете го млекото од соја да зоврие. Откако ќе зоврие додајте ја смесата од јагоди и мешајте додека се згусти како пудинг.
Тргнете го на страна и додајте ги искршените бисквити. Убаво измешајте.
Целата смеса ставете ја во Делимано правоаголната силиконска тава и израмнете ја. Оставете да олади.
Кога е оладена одозгора ставете го шлаг кремот изматен со млеко од соја.
Колачот украсете го со рендана чоколада и послужете го.
Лиценца: Сите права се задржани