Посен колач со бисквити
1. На тивок оган се топи маргаринот и чоколадото заедно со медот и водата,повремено мешајќи. Јас го направив со вода,но со соино млеко мислам дека вкусот е уште побогат.
2. Во друг подлабок сад искршете ги бисквитите на покрупни парчиња, додајте ги мелените бадеми и лешници, кокосот и локумот насецкан на коцки. Помешајте онака на суво.
3. Добиениот раствор од чоколадо, вода, мед и маргарин, му се додава какаото,се остава да зоврие клуч два,па се прелива над бисквитите. Се меша полека да се впие течноста .
4. Четвртасто тавче /помала со димензии некаде околу 20см со 30-сетина см /,се прекрива со АЛ-фолија и се истура смесата. Убаво се рамни и се става во фрижидер да се стегне. После неколку часа се вади од тепсивчето, се трга фолијата и се сече на коцки.
По желба се прелива со чоколадо, но тоа е надвор од дадените состојки за колачот.
Јас го оставив онака како што е, а дел пемачкав со џем малини / дел од џемот го имам испасирано низ цедалка и сум ги отстранила семките, па го чувам само за премачкување на некои кексови и колачи/ и го посипав со кокос, но тие не останаа за фотографирање...
Лиценца: Сите права се задржани