Покрај традиционалната баклава за празникот Богородица, оваа година решив да приготвам и нешто друго посно благо.
Ги приготвив овие портокал коцки кои навистина беа прекрасни.
Се прават за кратко време, и се јадат за кратко време:)
Нема потреба од вклучување на миксер, само треба да промешаме со шпатула.
Во сад ставете го шеќерот и маслото, промешајте и додајте ја ванилата и сокот од портокал.
На страна помешајте брашно и пециво, полека преку цедалка пресејте ги во садот.
Додајте го и кокосот.
Промешајте убаво и така приготвената смеса префрлете ја во сад за печење.
Плехот треба да е претходно премачкан со маргарин.
Печете во загреана рерна околу 30 минути на 180 степени.
Кога е печен колачот оставете да излади, а потоа прелејте го со сируп кој го приготвите на следниот начин.
Во касерола на оган ставете 300 мл.сок од портокал,а потоа помешајте го со 5 до 6 лажици шеќер.
Оставете нека повари 5 до 6 минути и кога ќе бидат двете смеси ладни, прелијте го колачот.
Површината премачкајтеја со мармалад од кајсии, а потоа наросете кокос.
Оставете нека излади и сечете на коцки.
Нека ви е на здравје со овој преубав оранж колач.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови