Одлично засладување се бомбициве, ароматични, меки, а сепак крцкави.
Подготовка
1. Пенасто го матиме омекнатиот путер заедно со шеќерот во прав.
2. Ги додаваме мелените бисквити и сокот од портокал, соединуваме.
3. Потоа ги додаваме сечканите ореви и сечканите урми.
4. Ја соединуваме смесата па формираме бомбици.

Забелешка
Урмите се мерени без семка и ситно насечкани.Од оваа доза излегуваат околу 20 бомбици. Бисквитите ги мелам во Нутрибулет па затоа се толку ситно смелени. Не го додадов целиот сок од портокалот, да не ми се развлажни многу смесата, а тоа зависи и од бисквитите кои ги употребуваме. Така да додадете или одземете бисквити, за да идеално ги формирате бомбиците.