29
дек
2022
Полнети школкички
Прво тестенината ја вариме според упатството, но може да биде и ал денте сварена.
Ја процедуваме и оставаме да се излади.
Во еден сад ги ставаме сите состојки за полнењето и убаво ги соединуваме.
Со најмалечко лажиче убаво ги полниме школките од тесто.
Ги декорираме со семки од сончоглед.
По 3 школкички ги редиме на стапчиња за канапеи и на врвот ставаме украс од свеж морков.
Рецептов трпи многу додатоци, така да може да си ги подготвите според ваш вкус.
Може да се додаде сецкана шунка, магдонос, чили.....
Лиценца: Сите права се задржани