Испечати

Полнети школкички

Полнети школкички

Состојки

  • 1 рака полна школчички тестенини,
  • Вода и сол за варење
  • Полнење
  • 2 лажици младо сирење
  • 2 ситно сецкани кисели краставички
  • 1 полна лажица тостиран сусам
  • 1лажиче доматно пире
  • Сол бибер
  • Семки од сончоглед, цветчиња од морковче.... За декорација

Подготовка

Прво тестенината ја вариме според упатството, но може да биде и ал денте сварена.
Ја процедуваме и оставаме да се излади.
Во еден сад ги ставаме сите состојки за полнењето и убаво ги соединуваме.
Со најмалечко лажиче убаво ги полниме школките од тесто.
Ги декорираме со семки од сончоглед.
По 3 школкички ги редиме на стапчиња за канапеи и на врвот ставаме украс од свеж морков.
Рецептов трпи многу додатоци, така да може да си ги подготвите според ваш вкус.
Може да се додаде сецкана шунка, магдонос, чили.....