Превкусни, декоративни,празнични колачи е мојот денешен предлог
Пробајте ги

Користев урми на тацна, кои беа многу свежи и меки.
Внимателно со остар нож од едната страна по должината правиме засек.
Ја вадиме семката.
Во еден сад ги ставаме марципанот и фстаците, од кои може да тргниме на страна 1 лажиче за декорација.
Убаво со рака ги измесуваме состојките, за да се спојат.
Потоа формираме ремен.
Со нож го делиме на 20,22 парчиња, односно онолку колку што имаме урми на тацната.
Нежно со рацете формираме долго парче од марципанот, малку поголемо од семката..
Го поставуваме во урмата и убаво ја формираме.
Ги оставаме во фрижидер, додека да го растопиме чоколадото.
Потоа секоја полнета урма, ја потопуваме во растопено чоколадо.
Ги редиме на послужавник, на кој има поставено хартија за печење.
Нежно ги декорираме со фстаци.
Оставаме во фрижидер да се изладат, па може да се сервираат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани