Полнети пиперки со сувомесно и печурки
Ги лупиме компирите и од нив едниот го сечкаме на кругчиња за затварање на пиперките кога ќе ги наполниме со претходно припремениот фил. Потоа ги рендаме двата компири на ситната страна од рендето. Ги сечкаме на коцки сланината, пилешкото филе и печурките. Кромидот го сецкаме и малку го пропржуваме со зејтинот, ги додаваме другите состојки и зачините и заедно малку ги пропржуваме. Потоа ги полниме пиперките, ги затвараме со тркалце од компир, ги редиме во плех. Претходно ја загреваме водата и ја полеваме врз пиперките и ставаме да се подпечат во загреана рерна. Се печат на 180- 200 степени околу еден час и дваесетина минути. По желба и вкус може да ги јадете и со кисела павлака, мене така ми се повкусни. Од зачини додадете ако сакате и црн бибер или зачин за полнети пиперки
Добар апетит
Лиценца: Сите права се задржани