28
сеп
2015
Полнети пиперки со изварка (урда)
Се матат јајцата како за кајгана, се блендираат краставичките ( не многу ситно, се оставаат 8-10 цели). Се меша изварката со јајцата и краставичките. По желба се додава што ќе ви текне, буковец, куркума, кечап, сенф, рен, ѓумбир, босилек, лук, што ќе ви текне. Може да правите разни комбинации, дури и со кулен, кашкавал, сланина, пршута. Се полнат пиперките. Обавезно ставете една цела кисела краставичка во средината, на крај на полнењето на секоја пиперка. Печете во рерна на 220 ст. 10-15 мин. Извонреден здрав, појадок, мезе.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ама јадењево е одлично, особено додатоците и предлозите. добредојде! :)