Испечати

Полнети пиперки со изварка (урда)

Полнети пиперки со изварка (урда)

Состојки

  • 8-10 поголеми пиперки (зелени, црвени)
  • 400 гр. изварка
  • 1/2 тегла кисели краставички (мали)
  • Зачини по желба
  • куркума, рен, ѓумбир, босилек, лук

Подготовка

Се матат јајцата како за кајгана, се блендираат краставичките ( не многу ситно, се оставаат 8-10 цели). Се меша изварката со јајцата и краставичките. По желба се додава што ќе ви текне, буковец, куркума, кечап, сенф, рен, ѓумбир, босилек, лук, што ќе ви текне. Може да правите разни комбинации, дури и со кулен, кашкавал, сланина, пршута. Се полнат пиперките. Обавезно ставете една цела кисела краставичка во средината, на крај на полнењето на секоја пиперка. Печете во рерна на 220 ст. 10-15 мин. Извонреден здрав, појадок, мезе.