Зависно од сосот со кој ќе го спремите, може да е посно јадење. Значи рецептот во две варијанти е.
 
- На маслинов зејтин ставете да пржите ситно сецканиот модар патлиџан, морков и кромид.
- Доматите излупете ги и ситно насецкајте, додајте во касеролата кај кромидот, додадете го и сушениот домат, лукот, целерот, магданосот и нека кратко се динста, по што ќе го додадете доматниот сос, останатите зачинки и продолжете да динстате околу 10 мин. Исклучете ринглата и додадете сега напола сварениот булгур. Оставете да олади.
- Полнети ги пиперките, наредете ги во тавче, залијте со вода колку да се до половина облијат пиперките и ставете нека се печат во предходно загреана рерна на 200 степени околу 30 мин.

Сос
Кога не ги спремам за посно тогаш го користам сосот по рецепт од полнетите пиперки кој овде го имам ставено - со киселото млеко или бешамел сосот.
- Кога се спремат за посни, тогаш дел од блгурот ставам на дното од плекчето, па врз него ги редам полнетите пиперки, ставам вода колку да се покрие булгурот и натаму исто.
- Можете да им спремате и бешамел сос, нема да згрешите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани