18
фев
2016
Полнети пиперки во доматен сос
На масло испржете го ситно исечканиот кромид, изренданиот морков, додајте го месото, издинстајте го па додајте го оризот. Пропржете го малку, па зачинете со мешан сув зачин, бибер и 1 лажиче црвена пипер
Наполнете ги пиперките, ама не многу густо.
Наредете ги во земјена тава, одозгора прелијте ги со доматниот сос, турете ја чашата вода, ставете ги ливчињата ловор, малку масло и тавата прекријте ја со фолија или капак. Ставете ја во загреана рерна, нека пече отприлика еден час, отворете ја и вратете ја да се запечи одозгора.
Забелешка, ако ви остане од филот, распоредете го околу пиперките.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови