Полнети печени јаболка со фил
Сакав убаво полнето кремаво јаболко, немав рецепт, го смислив и испадна супер. Феноменално!
Додека работев, запишував за да не заборавам.
Јас приготвив 4 јаболка, а вие можете да приготвите по потреба колку сакате, затоа дозата ја пишував за едно јаболко.
Јаболката исечете ги на горниот дел. Јас го сечев оној дел кој беше помал, за постабилна да биде.
Алатката за длабење ставете ја покрај јаболкото и проверите до каде од прилика треба да вдлабнете. Не треба да се направи дупка на дното, бидејки во полнењето има течност, да не се излие.
Извадете ја средината со семките. Ќе биде малку чудно, ама вртете ја алатката лево десно и ќе ви успее.
Издлабете го јаболкото, но оставете неколку милиметри ѕид. Јас се обидов со лажиче да длабам, но потешко ми одеше, па го длабев јаболкото со алатката (дополнителни фотографии). Многу внимавав до каде вдлабнував.
Ставете ги белките и шеќерот во сад за матење и изматет ги убаво, цврсто, како за целуфки(пуслици)
Јас бидејки имам статичен миксер, додека се матеа белките, ги исецкав сувите овошја и ги измешав убаво си испасираните (или ситно сецкани) средишни делови од јаболка. Во садот со овошјата додадете цимет и каранфилче.
Во жолчките додадете го шеќерот и млекото и матете лесно со вилушка колку да се изедначи смесата. Во оваа смеса додадете ги сецканите овошја и убаво промешајте да се соединат убаво.
Со голема лажица во секое јаболко ставајте од овошјата и на крај досипете ја течноста што ќе остане, рамномерно во секое јаболко.
Изматената белка ставете ја во шприц за готвење или кесе за замрзнување. Јас немам саглам шрпиц, се нешто ми летаат делови на 100 страни кога работам и си сецнав ќоше од кеса за замрзнување и така ги пополнив отворите на јаболките.
По една белка врз јаболко.
Се пече на 110 степени еден час, до час и половина, зависи од јаболкото. Ако е потврдо, подолго време ќе биде потребно, а температурата е ниска за да не изгори белката.
Втора опција е белката и жочката да не ги делите, да ги изматите заедно со млекото, да ги пополните јаболката и да печете на 180 степени, окулу 45 мин. За декорација да користите шлаг пена или слатка павлака.
Е па на здравје убавини!
Ние се изнауживавме, гости лижеа тањири, кремот во јаболкото беше феноменален спој со овошјата. Суви овошја можете и по избор да ставите, не не ја изоставувајте кората од портокал или парченца портокал, малку сок од портокал...многу убав шмек дава.
Лиценца: Сите права се задржани
теофанија, се мислев, ама некако не ми одговараше во првичната идеја, сакав овошно кремаво :)
албетина, веруваш или не, НЕ СТИГНАВ, ги смуфтаа. и главнава фотографија е направена во тавчето, немаше време за местење за сликикање :) :) :) :)