Полнети модри патлиџани со мелено месо
Модрите патлиџани ги миеме,им ги отстрануваме дршките,ги сечеме на половина по должина и им го вадиме внатрешниот дел.Ги посолуваме и ги оставаме така да одстојат 15 минути.По 15 минути се брише внатрешноста од течноста што ќе ја пуштат. Меленото месо го запржуваме во тава.Кон него ги додаваме ситно сечените модри патлиџани(внатрешниот дел).Додаваме сол,малку црн пипер и оригано.
Доматите ги лупиме,ги сечеме и ги блендираме со 5 лажици вода и листовите од 1 гранче свеж босилок.Половина од доматниот сос ја додаваме во меленото месо и модрите патлиџани,го додаваме и ситно исеченото лукче и оставаме да се динста на тивко додека да испари целата течност.Смесата со мелено месо е готова.
Половинките модри патлиџани ги ставаме 10 минути во загреана рерна на 200 степени.
За тоа време го подготвуваме бешамел сосот.2 лажици путер ставаме во една касерола.Откако ќе се стопи путерот,се додава 1 лажица брашно,кратко се запржува и се додава 300 милилитри млеко.Се меша постојано и кога ќе почне да се згуснува ,се додава малку црн пипер и 2 лажици пармезан,се меша да се стопи пармезанот и се трга на страна.Половинките модри патлиџани се полнат со смесата со мелено месо,врз секоја се става одозгора по 2 лажици бешамел сос и одозгора се додава рендан кашкавал.Половината од доматниот сос и преостанатиот бешамел сос се полеваат во тавата во која се наредени модрите патлиџани.Се пече 30 минути на 200 степени.
Модрите патлиџани не треба да се многу големи,средна големина.Јас употребив 3 и 1 половина,но затоа и пишав во рецептот 3 со средна големина се доволни за четворица.
Доматниот сос можете да го приготвите од свежи домати(како во мојот случај),но можете да употребите и конзервирани домати или готов доматен сос.
На здравје ручек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови