Испечати

Слатки крофнички со прелив oд вино (апарат за крофни)

Слатки крофнички со прелив oд вино (апарат за крофни)

Состојки

  • 1 јајце
  • 150 гр свинска маст
  • 200 гр шеќер
  • 250 мл млеко
  • 1 пециво
  • 1 прашок за пудинг од ванила
  • 350 гр брашно
  • За прелив
  • 200 гр шеќер во прав
  • 5 лажици црвено вино

Подготовка

Ова ми е еден од поубавите преливи со многу штосен вкус кој го научив од нашата Лилјана Илиева. Го користам и за колачи, а еве го искористив и во овие крофнички.
Лиле знам дека многу сака тесто, па затоа рецептов и го посветувам нејзе, иако преедноставен за делициите (што би рекла Лиле) кои таа ги подготвува!
Поздрав пријателке!

Подготовка
1. Го вклучуваме апаратот за крофни да се загрее.
2. Во еден сад ставаме млеко, јајце, свинската маст и шеќерот. Матиме со миксер, кратко, колку да се соединат.
3. Го ставаме прашокот за пудинг, пецивото, брашното и повторно матиме до соединување.
4. Смесата ја ставаме во кеса, правиме отвор на ќошот и ги полниме калапите за крофни. Затвораме додека да се испечат.
5. За преливот го загреваме виното и го ставаме шеќерот во прав, промешуваме и додека е топло секоја крофничка од едната страна само, набрзина ја потопуваме во слаткиот прелив. Оставаме да се исуши преливот.

Забелешка
Оригиналниот рецепт за овој прелив е запишан овде