21
ное
2022
Полнети модри патлиџани
Подготовка:
1. Ги миеме модрите патлиџани и ги оставаме малку во солена вода да постојат.
2. Ги сечеме на половинки. Во внатрешноста ги сецкаме на парчиња како на сликата и ги посолуваме и наросуваме бибер. Попрскуваме со маслиново масло и ставаме да се пече.
3. Леќата ја вариме и ја цедиме. Ги додаваме магдоносот и лукчето, зачинуваме. Штом се печени во внатрешноста, патлиџаните ги нагмечуваме по малку и ги полниме со леќата. Ги ставаме уште малку да се попечат.
4. Кога се готови ги вадиме од рерна. Рендаме тврдо сирење врз нив па служиме.
Нека е на здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
П.С. Деновиве ќе ја објават мојата лажна лазања - слична комбинација на вкусови е - пробај ја :)