Полнети модри патлиџани
Состојки
- 2 модри патлиџани
- 1чешне лук
- 100гр фета сирење или тврдо сирење
- 8лажици леќа
- 3гранчиња магдонос
- 100мл маслиново масло
Подготовка
Подготовка:
1. Ги миеме модрите патлиџани и ги оставаме малку во солена вода да постојат.
2. Ги сечеме на половинки. Во внатрешноста ги сецкаме на парчиња како на сликата и ги посолуваме и наросуваме бибер. Попрскуваме со маслиново масло и ставаме да се пече.
3. Леќата ја вариме и ја цедиме. Ги додаваме магдоносот и лукчето, зачинуваме. Штом се печени во внатрешноста, патлиџаните ги нагмечуваме по малку и ги полниме со леќата. Ги ставаме уште малку да се попечат.
4. Кога се готови ги вадиме од рерна. Рендаме тврдо сирење врз нив па служиме.
Нека е на здравје.