Полнети кончилиони во тава (Conciglioni)
Кончилиони се големи тестенини во форма на школки.
Тие се подготвуваат со разни сосови или се полнат со печурки,меленомесо,рикота, моцарела,спанаќ...
Во својот состав имааат гриз од пченица и се навистина вкусни.
Еве го мојот начин на подготовка.
1. Тестенините сварете ги околу 10 минути во посолена вода.
2. На маслиново масло,запржете го ситно сецканиот кромид и лукче па потоа додадете го меленото телешко месо.
3. Нека се запржи па кога е пржено доддадете ја паковката за болоњезе кремот, која претходно ја размативме 300 мл вода.
4. Ставете 2 лажици доматен сос. Разматете се, нека се промеша и оставете да се повари, да згусти.
5. Тестенините исцедете ги.
6. Тавата во која ќе редите намастете ја со маслиново. Земајте од школките и на дното ставете моцарела, а потоа по едно лажиче дo две од претходно спреманата смеса.
7. Редете така да ја наполните тавата.
8. Прелијте ја тавата со вода и ставете да се пече.
9. Кога е печено, извадете од рерна и прекријте ја цела тава со рендана гауда.
10. Вратете во рерна само колку да се растопи.
Нека ви е слатко. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови