Сите житарки се потопуваат со 1 литро вода и се ставаат да се варат на тивок оган покриени со капак. Се додава 1 коцка за супа. Се варат околу 10 минути. Во тава се пржат сецканиот кромид и морков. Кога ќе поруменат им се додава сварената мешавина од житарки и ориз и на коцки сецканата пршута, се посолува и зачинува. Со вака подготвениот фил се полната пиперките и претходно издлабените домати. Се редат во тава се посипуваат со масло се посолуваат и им се додаваат парчињата од внатрешноста на издлебените домати. Се пече околу 1 час. Се сервира и се наросува со куркума. Пријатно јадење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови