Полнети домати и пиперки со булгур, хељда, киноа, просо...
Состојки
- 1 кг домати
- 500 гр пиперки
- 2 главици кромид
- 100 гр булгур (кршена пченица)
- 100 гр хељда (житарка)
- 100 гр киноа (житарка)
- 100 гр просо (житарка)
- 150 гр басмати ориз( или друг вид долго зрно ориз)
- 200 гр пршута
- малку бибер
- 1 лажица сол со зачини
- 1 лажичка куркума
- масло по потреба
- 1 коцка за супа
Подготовка
Сите житарки се потопуваат со 1 литро вода и се ставаат да се варат на тивок оган покриени со капак. Се додава 1 коцка за супа. Се варат околу 10 минути. Во тава се пржат сецканиот кромид и морков. Кога ќе поруменат им се додава сварената мешавина од житарки и ориз и на коцки сецканата пршута, се посолува и зачинува. Со вака подготвениот фил се полната пиперките и претходно издлабените домати. Се редат во тава се посипуваат со масло се посолуваат и им се додаваат парчињата од внатрешноста на издлебените домати. Се пече околу 1 час. Се сервира и се наросува со куркума. Пријатно јадење.