Подготовка:

1. Тиквичките ги сечеме на три-четири дела, им ја издлабуваме внатрешноста, ги насолуваме и го оставаме да отстојат, додека го спремаме филот.
2. Месото од тиквичките го сечкаме на ситно. Во длабок сад за месење ги додаваме меленото месо, месото од тиквичките, јајцето, сечканиот магданос, презлата, пармезанот и сечканиот кромид. Смесата ја месиме со раце, додека не стане хомогена.
3. Со смесата ги полниме тиквичките, а од преостанaтата смеса правиме ќофтиња, кои потоа ги валкаме во брашно.
4. Во длабока тава за печење, со капак, ги додаваме доматното пире, сушените зачини, солта, полнетите тиквички и ќофтињата, ја поклопуваме со капакот и печиме во загреана рерна на 200 степени околу 60- 70 минути.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани