Испечати

Полнета тиквичка и ќофте во сос

Полнета тиквичка и ќофте во сос

Состојки

  • 600 гр. тиквички
  • 400 гр. мелено месо
  • попотреба магданос
  • 1 јајце
  • 100 гр. презла
  • 20 гр. пармезан
  • 1 кромид
  • 400 гр. доматно пире
  • 1 чаша вода
  • попотреба сол, црн пипер, маслиново масло и сушени зачини

Подготовка

Подготовка:

1. Тиквичките ги сечеме на три-четири дела, им ја издлабуваме внатрешноста, ги насолуваме и го оставаме да отстојат, додека го спремаме филот.
2. Месото од тиквичките го сечкаме на ситно. Во длабок сад за месење ги додаваме меленото месо, месото од тиквичките, јајцето, сечканиот магданос, презлата, пармезанот и сечканиот кромид. Смесата ја месиме со раце, додека не стане хомогена.
3. Со смесата ги полниме тиквичките, а од преостанaтата смеса правиме ќофтиња, кои потоа ги валкаме во брашно.
4. Во длабока тава за печење, со капак, ги додаваме доматното пире, сушените зачини, солта, полнетите тиквички и ќофтињата, ја поклопуваме со капакот и печиме во загреана рерна на 200 степени околу 60- 70 минути.

На здравје.