Квасецот се става во млаката вода да стаса. Брашното се става во подлабок сад и се меша со сусамот, лененото семе, шеќерот и солта. Се замесува тесто со јогуртот, стасаниот квасец и зејтинот и се остава да надојде да стаса.
Додека стасува тестото се подготвува филот-сирењето се дроби со вилушка и се меша со павлаката и белките.
Одкако ќе стаса тестото се дели на 3 дела и од секој дел се расукува кора. Секоја кора се премачкува со маргарин па со фил и се рола. Се поврзуваат две ролнички во плетенка и се плете погача во круг.Одозгора со ножици секоја плетенка се засекува во средината и се остава погачата да стаса. Останатиот маргарин се нанесува одозгора а претходно погачата се премачкува со изматените жолчки и се поросува со ленено семе или сусам. Се пече околу 40 минути на 200степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани