Полнета печена тиква
Мојата тиква беше многу голема, така што овој фил го ставив само во едната половина. Другата тиква така ја изедовме.
Подготовка
1. Тиквата пресечете ја по должина, ставете ја во тава, прекријте ја со фолија и ставете ја во загреана рерна на 200 степени. Печете ја половина час.
2. Печената тиква издлабете ја со лажица, ама не целосно. Чувајте ја срцевината, ќе ја ставите во филот.
3. На малку масло ставете ја исечканата сланина, пропржете ја малку и ставете го исечканиот кромид. Испржете го да застакли и додајте го брашното. Кратко пропржете го. Додајте го млекото и мешајте се додека не се добие сос. Тргнете го од огнот.
4. Во сосот ставете го искршеното сино сирење, ренданиот кашкавал, зачинете по вкус, додајте ја и тиквата што ја извадивте и убаво промешајте.
5. Филот ставете го во издлабената тиква, одозгора малку посолете ја, намрсете ја и ставете ја да се пече отприлика дваесетина минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови