- Исечете ги модрите патлиџани на половина, издлабете ги, посолете и оставете да се цедат.
- Додека се цедат патлиџаните, изрендајте го кромидот и морковот, ставете да се пржи. Кога веќе се запржило, додадете ја средината од патлиџанот која сте ја извадиле. Нека се пржи, при крај додадете ја смесата од домашните колбаси или ситно сецкана шунка. Нека се изпржи, тргнете настрана, зачинете, додајте го магдоносот.
- Измијте ги модрите патлиџани, потсушете со салфета и полнети ги со смесата. Наредете во намастено тавче. Ставете да се печи. Лесно ке забележите кога е печено. Извадете го тавчето за кратко - со лажица ставете од оладениот бешамел или едноставно залијте, вратете во рерната да се потпечи.
Бешамел
- Нека се загрее маслото и ставете го брашното да се пржи стално промешувајки го за да не потемни. Доддете млекото и нека вари се до згуснување. Тргнете настрана да се потполно олади. Кога е оладено - во него додавате добро сматените јајца. Измешајте.
Напомена,
- Немав кашкавал и така произволно ставив пармезан. ова што е напишано е оригиналог од рецептот, ама јас нема да сум - ЈАС - ако не сменам нешто, па затоа многу сакам кога ставам кашкавал и за кратко вратам во рерната додека кашкавалот се стопи.
- Полнев со домашни пилешки колбаси спремани со сецкан стек. Доколку полните и вие со домашни колбаси, тогаш внимавајте на зачинките и солта, да не стане пресолено - затоа едноставно пробајте.
Нека ви е слатко, подеднакво вкусно и топло и ладно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани