Ова е една многу убава пита-погача, која може буквално да ја направи секој дури и тој што никогаш не влегол во кујна. Нема месење зошто целата процедура на подготовка е со лажица. Подготовката е следна

Во подлабок сад за матење ставете го млекото (треба да е малку топло, но не врело), еден филџан брашно, лажичка шеќер и квасец. Убаво промешајте ја смесата да се изедначи и да нема грутчиња. Покријте го садот и оставете 20 мин квасецот да нарасне.

Потоа во садот со веќе нараснатиот квасец додајте едно јајце, 6 филџани брашно, 1 филџан масло и една мала лажичка сол. Со лажица убаво промешајте ја смесата,

Во меѓувреме растопете го маргаринот ( или путерот).
Одберете лажица со големина по желба - зависно од тоа колкави сакате да ви се топчињата на погачата. Натопете ја лажицата во растопениот маргарин и земете од смесата со брашно. Редете ги топчињата едно до друго во тава за печење. Јас ја користев округлата тава делиција од 26 см и не ја намачкав во ништо зошто не лепи, ама ако користите друга тава намрсете го дното со малку маргарин.

Постојано натопувајте ја лажицата при секое земање од смесата. На крај со остатокот од растопениот маргарин, залејте ја целата погача. Оставете да кисне уште 30-тина мин.

Со 2 разматени јајца, премачкајте ја погачата. наросете семиња по желба ( сусам, ленено семе, ким....), наросете пармезан. Печете на 180-200 степени околу 30 мин.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови