22
јан
2014
Погача со интегрално брашно, семиња и мед
Квасецот се става во млекото. Се додава и медот и убаво се меша додека се растопи. Со стасаниот квасец се замесува тесто со двата вида на брашно, водата, зејтинот и семињата. Тестото се остава да стаса околу 40 минути.
На маса се сука кора која се посипува со семенки и се рола. Ролатот се сече на парчиња и секое парче убаво се притиска и се реди во округла тепсија. Се премачкува со малку маргарин, се посипува со семки и се става да се пече. Се пече околу 40 минути на 180 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела