Испечати

Погача со интегрално брашно, семиња и мед

Погача со интегрално брашно, семиња и мед

Состојки

  • 500гр бело пченично брашно
  • 350гр интегрално брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 лажица мед
  • 250мл топло млеко
  • 200мл топла вода
  • 2 лажици ленено семе
  • 1 лажица мак
  • 2 лажици семки од сончоглед
  • 100мл зејтин
  • 100гр маргарин
  • 2 лажици семе од сусам,сончоглед и лен

Подготовка

Квасецот се става во млекото. Се додава и медот и убаво се меша додека се растопи. Со стасаниот квасец се замесува тесто со двата вида на брашно, водата, зејтинот и семињата. Тестото се остава да стаса околу 40 минути.
На маса се сука кора која се посипува со семенки и се рола. Ролатот се сече на парчиња и секое парче убаво се притиска и се реди во округла тепсија. Се премачкува со малку маргарин, се посипува со семки и се става да се пече. Се пече околу 40 минути на 180 степени.