Погача од полнети крофни
Во стопленото млеко се додава квасецот за да се растопи.
Потоа во длабок сад се става брашнотот, во него се додаваат зејтинот, киселата вода, квасецот со млекото солата и шеќерот.
Од сето тоа се замесува и се остава на топло за да нарасне.
Одкако ќе нарасне се дели на два дела.
Се расукува кора од едниот дел и врз неа се става со лажичка од филот.
За филот се сецкаат краставичките и во нив се додаваат мајонезот и павлаката и се меша додека да се соединат.
Значи од филот се става по една лажичка.
Потоа се расукува другата кора и се става врз првата кора.
Потоа со помош на чаша се сечат крофните притоа внимавајќи да се опфати целиот дел каде што има од филот.
Секоја крофна се реди во подмачкано тавче каде што на едниот крај се преклопува со претходната.
Инаку оваа погача може да се реди и во округла тава и во квадратна.
Одкако целосно ќе се наредат крофните се премачкува со жолчката и се поросува со сусам.
Потоа погачата се остава на топло за да нарасне.
Се пече во загреана рерна на 200 степени се додека не добие убава златна боја.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови