Слатка погача за веридба
Портокалот го цедиме и со сокот го полеваме сувото грозје и рендана кора од портокал и оставаме да стои околу еден час.
Квасецот го замесуваме со киселата вода, маслото, шеќерот, ванилата, јајцата и малку брашно и оставаме да стаса 5-10 минути. Потоа го додаваме и сокот од портокал и преостанатото брашно и замесуваме меко тесто. На крај го додаваме и сувото грозје, убаво го измесуваме и оставаме да стаса околу еден час.
Откако ќе стаса тестото го делиме на 4 дела.
Од два дела формираме 2 топчиња и во нив додаваме по 1/4 од сувото грозје и убаво размесуваме. Другите 2 дела ги расукуваме и ги премачкуваме со малку маргарин и го додаваме сувото грозје, а потоа виткаме ролат. Постапката ја повторуваме другиот дел. Сите 4 дела ги ставаме во замрзнувач околу 30 минути малку да се стегне тестото.Потоа од топчињата формираме едно топче на средината на подмачкано тавче а околу него се засукува растрнатото второ топче. Ролатите ги сечеме и ги редиме наизменично еден врз друг по крајот на тавчето за да добиеме плетенка. Целата погача ја премачкуваме со цело јајце и ставаме сусам и бел афион.
Декорацијата ја завршуваме со цветови и листови направени со модли (тестото се замесува со вода брашно и малку шеќер да биде тврдо).
Погачата се остава да стаса 1-1,5 часа за убаво да се наполни тавчето. Се пече 35 минути на 200 степани и уште 20 минути на 150 степени. Откако ќе се испече погачата го исклучуваме шпоретот и оставаме да се тишти уште 10 минути. Погачата ја вадиме од тавчето и ја покриваме со кујнска крпа да се излади.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови