
6
јун
2015
Колач со свежи боровинки
Со жица изматете го јајцето и шеќерот.
Додајте млекото, растопениот и оладен путер, брашното измешано со пецивото и прстофат сол.
Убаво измешајте ја смесата.
Боровинките свалкајте ги во брашно и додајте ги во смесата.
Промешајте и претурете ја смесата во калап за векни.
Печете на 180 степени, 25 минути (зависно од рерната, најдобро проверете со чепкалка).
Испечениот колач оставете го да се олади,а потоа послужете.
Лиценца: Сите права се задржани