10
апр
2021
Плетенки со два фила
1. Прво се става во мал сад млака вода со малку брашно, квасец и шеќер за да се активира квасецот. Кога ќе надојде се замесува тесто и се остава да стаса.
2. Тестото се дели на 2 дела. Од првиот дел се сучи кора се премачкува со маргарин и се става филот од сирењето во средината. Се сечат краевите и се преклопуваат накосо. Исто се прави и со другото тесто. Се сучи кора се засекува отстрана и се става филот. Прво се премачкува со кечап и мајонез, се ренда саламата и поросува со оригано. Се остават да стасаат. Се премачкува со јајце и се печат на 200С-30мин.
Лиценца: Сите права се задржани