Плетенка со фил
Најпрво, се замесува тестото од наведениве состојки. Откако ќе се замеси тестото се остава да стаса околу 30 минути, па се додава рендана кора од 1 лимон и 1 портокал и повторно се измесува и се остава да стасува уште 20-30 минути.
Во меѓувреме се подготвува филот млекото, шеќерот, афионот и какаото, се варат заедно, околу 15 миути заедно врие, потоа се додаваат и оревите, сувото грозје и мармаладот и откако ќе се добие потребната густина, се трга од шпоретот и се остава да се излади, се додава и ванилата.
Тестото се дели на 3 дела. Од секој дел се сука голема правоаголна кора со димензии од околку 70/30 цм, која се премачкува со прелив од јајца, млеко и зејтин и се филува со фил кој се става на едниот крај од кората и се виткаат во ролат. Од трите ролати се плете плетенка, се добива поголема плетенка која се сече на половина и излегуваат 2 плетенки. Плетенките се ставаат во плех обложен со хартија за печење, се премачкуваат плетенките со остатокот од преливот и се попрскува ванила и сусам. Се оставаат да стасаат плетенките околу 1 час и се печат во рерна 45 минути на 180 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Jas za Veligden pravam Grcka polneta so krem od kosteni...
Sanje, odlicna e pogacata,