Плетенка со суво грозје
1.Н ајпрвин растопете го маргаринот и стоплете го млекото во посебен сад.
2. Во поголем сад ставете околу 900 грама брашно и направете мала дупка каде што ќе го ставете квасецот. Растопениот путер и млекото истурете ги полека врз квасецот и оставете така неколку минути.
3. Во меѓувреме изрендајте ја кората од цел лимон и исцедете сок од пола лимон и додадете ги во тестото.
4. Постепено додавајте ги сите останати состојки без некој посебен редослед.
5. Почнете да го месете тестото и по потреба дотурајте брашно се додека не стане меко, нелепливо тесто.
6. Поделете го на 6 топчиња. Па од секое топче развлечете долгнавеста форма.
7. Земете 3 од долгнавестите форми и полека формирајте плетенка. Постапката повторете ја и со останатите 3 долгнавести форми.
8. Премачкајте ги плетенките со жолчка и млеко, наросете со сусам по желба и ставете мали парченца од маргаринот.
9. Оставете да стаса тестото барем половина час, во зависност колку е топло во просторијата. Мене ми стасуваше скоро еден час.
10. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете половина час. Намалете ја температурата на 150 степени и печете уште 15-20 минути. Сепак зависи од рерната, самите ќе видите кога ќе фати убава кора и ќе почне да распукува.
11. Извадете и покријте ги плетенките со крпа, да отстојат половина час.
Оваа плетенка ја имам правено и само со брусница, па можам да кажам дека лично мене ми е повкусна. Сепак на вас останува да одлучите за комбинацијата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови