Пластелин од домашната работилница
Ова е за детската радост, пластелин од домашната работилница, кој лесно се прави, добра забава за дечињата.
Чашата е од 200 мл.
-Во еден сад измерете ги сувите состојки и измешајте ги.
Во тенџере одмерете ја водата, додадете го зејтинот и во него истурете ги сувите состојки и бркајте за да се соедини и да се добие кашеста смеса без грутчиња.
-Сега вклучете го шпоретот и на тивко варете ја смесата, ќе почне да се згуснува - бркањето ќе стане отежнато. Готово е кога ќе видете дека се формирало тесто од кое кога ќе одкинете парче на раката ќе си осетите дека е податливо за понатамошна работа. Тргнете и истурете го на работната површина - продолжете да го месите за да целото тесто стане воедначено.
-Поделете го на четири дела и направете топчиња од секој дел. На средината на секое топче со палецот направете вдлабнатина и ставете од бојата која сте ја избрале. Продолжете да го месите топчето се додека целосно тестото не се обои. Исто така постапете и со останатите три топчиња тесто.
Пластелинот готов.
Секое топче замотајте во стреч фолија или најобична најлон кеса, така ќе го зачувате повеќе време. Многу податлив за работа, а колкава е радоста на дечките сите знаеме..
Јас денес бев инструктор и припомагав, а главната ролја ја имаше внукот...
Лиценца: Сите права се задржани