Мислев да го правам на класичен начин или во Фрaерот кога од страна ми се смешкаше една лименка пиво... и ми текна, конечно ќе го направам овој начин на печење пиле.

Подготовка:

1. Пилето измиено и исушено намачкајте го насекаде, надвор и внатре со маслото и зачините.

2. Пивото измијте го убаво однадвор и извадете му ги етикетите.
Напијте се една чаша од него и потоа наседнете го пилето врз шишето. Ставете го во поголема тепсија.

3. Ставете да се печи во загреана рерна на 200-220С на најдолната решетка, отприлика еден час, па и повеќе. Убаво е да користите вентилатор или грил опција на рерната, иако и класично ќе го бидни.

4. Во текот на печењето доколку ви дозволува просторот, еднаш до 2 пати ставете сол во шишето , за да се активира пената и да префли од устинката. Ако не сте во можност, тогаш оставете самата пареа да си ја заврши работата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови