Пилето го обаруваме околу 15 минути, па го вадиме од посолената вода да се исцеди.
Го расекуваме на парчиња и го пржиме во загреано масло.
Парченцата пржено пилешко се вадат во подлабок сад и се полеваат со белото вино. Попрскуваме црн бибер.
Буковките се сечат на парчиња и се пржат во путерот.
Се тргаат на страна од оганот и се додава ситно сецканите чешниња лук.
Се зачинува со мешан зачин,мајоран и црн бибер.
Во садот каде го пржевме пилешкото посипуваме мешавина од 1лажица брашно и 300 мл павлака. Промешуваме со жица за матење и додаваме ситно сецкан магдонос. Тоа ќе биде сосот за пилешкото.
Сервирајте по своја желба.
Јас додадов печен компир помешан со морков.

Забелешка

Јас не ставив буковки затоа што моментално немав. Искористив шампињони и ги подготвив на истиот начин.
Зачинив со шафран.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови