Пијани кифлички
Напоменувам дека чашите се од по 100мл. и излегуваат околу 42-44 кифлички зависи од големината. Но бидејки гризот многу го зголемува својот волумен тие треба да бидат помали бидејки ке нараснат.
Во длабок сад го ставаме гризот, го сипуваме маслото, пивото (било какво и да е), го додаваме шеќерот, пецивото, ванилата и постепено додаваме брашно. Тестото е готово кога ќе почне да се одлепува од садот.
Откако ќе го замесиме тестото формираме мали топчиња со големина на орев и ги сукаме во вид на кифличка во средината ставаме половина јатка орев и ги замотуваме и ги редиме во намрснет плех.
Кога плекот ќе се наполни го ставаме да се пече на 150-200 степени околу 15-20 мин.кога ке поруменеат одоздола.
Во мегувреме го правиме шербетот
Во тенџере на оган го ставаме шеќерот и го обливаме со вода го оставаме да зоврие и кога ќе е доволно сварен односно нема да паѓа од нокт го симнуваме.
Колачите кога ќе се готови ги редиме во подлабок сад(бидејки јас ги пеков во плитки плекови) и ги боцкаме со чепкалка на 2 места за поубаво да го впијат шербетот.
Ги посипиваме со него и ги оставаме да стојат околу 5 мин.потоа ги преокренуваме и ги оставаме уште малку да впијат и од другата страна и ги валкаме во кокос или мелени ореви.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови