Лесен и брз пијалок, најважно здрав :)

Јапонските јаболка измијте ги, одстранате ја рачката и ставете ги во блендер.
Доколку имате свеж ананас, исечете парче, исечете ја кората, исецкајте го на коцки и додадете го во блендерот.
Додадете ги останатите состојки и блендирајте додека не добиете убава смеса.
По желба додадете вода.

Основата се јаболката, ананасот, циметот, маслото и ѓумбирот, другото е по желба.

Ѓумбирот во прав е приготвен по ОВОЈ РЕЦЕПТ.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани