Испечати

Пијалок со јапонски јаболка и ананас

Пијалок со јапонски јаболка и ананас

Состојки

  • 3-4 јапонски јаболки
  • 150 гр ананас
  • 1/ голема лажица2 кориандер
  • 1 голема лажица цимет
  • 1 голема лажица семе од коноп
  • 3-4 големи лажици маслиново масло
  • 2 мали лажички ѓумбир во прав
  • по потреба/желба вода

Подготовка

Лесен и брз пијалок, најважно здрав :)

Јапонските јаболка измијте ги, одстранате ја рачката и ставете ги во блендер.
Доколку имате свеж ананас, исечете парче, исечете ја кората, исецкајте го на коцки и додадете го во блендерот.
Додадете ги останатите состојки и блендирајте додека не добиете убава смеса.
По желба додадете вода.

Основата се јаболката, ананасот, циметот, маслото и ѓумбирот, другото е по желба.

Ѓумбирот во прав е приготвен по ОВОЈ РЕЦЕПТ.