Секогаш кога ми се брза користам смрзнато тесто за пица. За домашно тесто верувам дека на сајтов веќе има многу рецепти.

Најпрво тестот премачкајте го со кечап или доматно пире. Не мора да чекате тестото да се размрзне. Потоа наредете го сувомеснатото, па врз него тиквичката исечена на тенки кругови.

Кромидот исечете го на полукругови, а пиперката на ленти, па и нив наредете ги одозгора. Јас обично правам комбинација на половина од пицата ставам дробено сирење, а на другата половина кашкавал. По желба може да додадете и печурки и маслинки.

На крај наросете со оригано и ставете да се пече 20-тина мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови