Пица со тиквичка
Состојки
- 2 смрзнати теста за пица
- 1 мала тиквичка (или ½ со средна големина)
- 1 главица црвен кромид
- 2 зелени пиперки
- 100гр сувомесен производ по желба
- 100гр кашкавал
- 100гр сирење
- 3-4 лажици Кечап или доматно пире
- 2 лажичиња оригано
Подготовка
Секогаш кога ми се брза користам смрзнато тесто за пица. За домашно тесто верувам дека на сајтов веќе има многу рецепти.
Најпрво тестот премачкајте го со кечап или доматно пире. Не мора да чекате тестото да се размрзне. Потоа наредете го сувомеснатото, па врз него тиквичката исечена на тенки кругови.
Кромидот исечете го на полукругови, а пиперката на ленти, па и нив наредете ги одозгора. Јас обично правам комбинација на половина од пицата ставам дробено сирење, а на другата половина кашкавал. По желба може да додадете и печурки и маслинки.
На крај наросете со оригано и ставете да се пече 20-тина мин.