1. Запенете го квасецот со шеќерот, малку брашно и дел од топлото млеко. Потоа од сите состојки замесете глатко тесто.

2. Тестото поделете го на два дела. Секој исукајте го во правоаголник, премачкајте го со омекнатиот маргарин, преклопете, повторно премачкајте и уште еднаш преклопете. Ставете го во најлон и потоа во замрзнувачот додека го спремате следниот дел на истиот начин.

3. Откако ќе отстои тестото 20на минути најмалку, се зема првото и се сука во долга правоаголна кора која се премачкува со кечап, се поросува со оригано и се става насекаде од ренданата салама и кашкавал. На крај се витка ролна која ја сечеме отприлика на прст дебелина. Секое парче се реди во тава и се печат на 200 степени додека благо поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови