29
јул
2014
Пица полжавчиња
Најпрво квасецот зафатете го и оставете да надојди. Кога ќе стаса измешајте го со јајцата, брашното, солта, омекнатиот маргарин и постепено додавајте го млекото. Замесете средно меко тесто и оставете да надојди. Тестото поделете го на два или три дела и секој дел исучете го со сукало. Секој дел со нож сечете го на ленти и секоја лента премачкајте ја со кечап и оригано и потоа ставете од саламата и кашкавалот. Секоја лента виткајте ја за да добиете кифлина. Оставете ги да надојадат пак премачкајте ги со јајцето и сусам и печете ги на 190 степени околу 20 минути,
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови