Од наведените состојки замесуваме тесто кое го оставаме да скисне. Откако ќе биде готово тестото, на набрашнета маса расукуваме кора. Прво ја премачкуваме со кечапот, па потоа ставаме од ренданата салама, ренданиот кашкавал и наросуваме од зачинот. Виткаме ролат, го сечеме триаголници, па ги ставаме во намрсена тепсија. Од горе ги премачкуваме со изматено јајце, па им ставаме сусам и печеме околу 20-на минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови