Пица Вегетаријана
За вкусна пица на сите ни е познато дека цела „финта“ е во тестото. Јас многу експериментирав, прегледував рецепети се додека не најдов еден рецепт на Џенаро Коталдо, за перфектна пица Наполитана, е мојата не е баш наполитана, ама сепак е многу лесна и вкусна.
1. Брашното промешајте го со солта и направете бунарче на средината, додадете ја водата, квасецот и шеќерот. Оставете квасецот да реагира со останатие состојки барем 10тина минути, но доколку е многу топло може и времето на стасување на е пократко. Залијте со масло и измесете глатко и малку лепливо тесто.
2. Измесеното тесто оставете го во длабока чинија покриено на топло да стаса барем два часа, па размесете и поделете го тестото на два еднакви дела, наросете со брашно на работанта површина и покријете со влажна крпа да стасува уште 2 часа.
3. Загрејте ја рерната на 250 степени и во округла тава број 28 полека со тупаница од средината на тестото туркајте према надвор, да се оформи корка, по потреба развечете и со рака.
4. Врз тестото налијте неколку капки маслиново масло, па пармезан, кругови моцарела, кашкавал и ситно насечкани домати, кромид, пиперки, лук и печурки. Посолете и печете околу 15тина минути.
5. Кога е готова пицата извадете ја од рерната, додадете зачини на вкус (оригано, босилек, мајчина душица), попрскајте повторно со масло и послужете.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови