Пица Вегетаријана
Состојки
- За тесто
- 500гр. брашно + за посоп
- 1,5 лаж. сол
- 325мл. млака вода
- 7гр. сув квасец или 1 коцка свеж
- 1лаж. шеќер
- 2 лаж. маслиново масло
- За топинг
- 20гр. пармезан
- 120гр. моцарела
- 1/2 финџал кашкавал
- 1 домат или чери домати
- 1 зелена пиперка
- 1 помал кромид
- печурки по избор, лук, сол, бибер, маслиново масло и зачини по избор
Подготовка
За вкусна пица на сите ни е познато дека цела „финта“ е во тестото. Јас многу експериментирав, прегледував рецепети се додека не најдов еден рецепт на Џенаро Коталдо, за перфектна пица Наполитана, е мојата не е баш наполитана, ама сепак е многу лесна и вкусна.
1. Брашното промешајте го со солта и направете бунарче на средината, додадете ја водата, квасецот и шеќерот. Оставете квасецот да реагира со останатие состојки барем 10тина минути, но доколку е многу топло може и времето на стасување на е пократко. Залијте со масло и измесете глатко и малку лепливо тесто.
2. Измесеното тесто оставете го во длабока чинија покриено на топло да стаса барем два часа, па размесете и поделете го тестото на два еднакви дела, наросете со брашно на работанта површина и покријете со влажна крпа да стасува уште 2 часа.
3. Загрејте ја рерната на 250 степени и во округла тава број 28 полека со тупаница од средината на тестото туркајте према надвор, да се оформи корка, по потреба развечете и со рака.
4. Врз тестото налијте неколку капки маслиново масло, па пармезан, кругови моцарела, кашкавал и ситно насечкани домати, кромид, пиперки, лук и печурки. Посолете и печете околу 15тина минути.
5. Кога е готова пицата извадете ја од рерната, додадете зачини на вкус (оригано, босилек, мајчина душица), попрскајте повторно со масло и послужете.
Добар апетит!