Понекогаш сакам да пробувам рецепти кои ги наоѓам на интернет, но редовно не се придржувам во целос со подготовката или составот на рецептот. Така си дојдов до оваа преубава пита од стасано тесто. Во оригинлниот рецепт беше стандарно тарт тесто со ладен путер и вода,  павлака....стасаното тесто преубаво се вклопи во целава приказна се надевам дека ќе ви се допадне ова топло предјадење.

Од состојките за тесто замесуваме средно нелепливо тесто, кое ќе ни се одлепи од пластичниот сад за месење. Тестото го оставаме да се одмори десетина минути во меѓувреме го подготвуваме филот.
Во тава за пржење го пропржуваме пилешкото месо заедно со маслинките, пиперката, доматите, секаниот магданос и ориганото. Посолете по желба со сол и бибер.

Во друг сад измешајте ја киселата павлака со јајцата. Тестото развлечете го во саканата форма и врз него сипете го филот со јајца и павлака потоа филот со пилешко месо. Посолете со сусам и лен и печете на 200степени половина час.

Забелешка.
Пишано беше печурки тука ми се вклопија зелените маслинки како за промена. Вие доколку сте си љубители на печурки слободно вметнете ги. Краевите на тестото мора да бидат високи за да не ви истекува смесата со јајца и павлака. Може да ја печете и во округлата делимано тава 26сантиметри. Додадете си зачини по желба магданос,босилок или оригано.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани